Фото: EPA-EFE/Domenic Aquilina

ВИДЕО| Лавров пристигна на Алјаска облечен во дуксер со натпис СССР

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави „јасна и разбирлива позиција“ на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот со рускиот претседател Владимир Путин.

По пристигнувањето во хотелот во Анкориџ, тој кратко разговараше со новинарите, облечен во дуксер  со натпис „CCCP“ – напишан на кирилица

Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва и дека Кремљ се надева дека ќе продолжи „корисниот разговор“ на самитот во петок.

„Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција. Ќе го презентираме тоа“, рече Лавров.

Многу работи веќе се постигнати за време на посетата на специјалниот претставник на САД Виткоф… Се надевам дека ќе го продолжам овој корисен разговор утре.“

Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) беше социјалистичка федерација што постоеше од 1922 до 1991 година, составена од 15 федерални републики, вклучувајќи ги Русија, Украина, Белорусија, балтичките држави, земјите од Централна Азија и Кавказ. Москва беше главен град.

СССР одигра клучна улога во светската историја на 20 век, особено за време на Студената војна, кога беше една од двете глобални суперсили покрај Соединетите Американски Држави. Падот на СССР во 1991 година резултираше со создавање на независни држави, а геополитичката карта на светот значително се промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот