ВИДЕО | Лавови избегаа на улица во текот на циркуска претстава, преплашени луѓе бегаа во стампедо

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Светските медиуми го објавија моментот кога два лава ненадејно се ослободиле од железната ограда и влетале во публиката во циркус во централна Кина, предизвикувајќи стампедо додека преплашените семејства се обидувале да побегнат.

Видеоснимката покажува како лавовите ненадејно се ослободуваат од железната ограда што ја дели сцената од публиката за време на настапот во Луојанг, провинцијата Хенан, во саботата.

Вистински хорор уследил кога пар лавови побегнале од својот кафез во текот на циркуска претстава, а публиката се разбегала во обид да се спаси.

Снимката покажува како лавовите побегнале преку железната ограда и излегле на улица пред шокираните набљудувачи. На видеоснимката се гледа како циркуските изведувачи ги водат лавовите со стап додека публиката ги набљудува. Во некој момент, една од ѕверките скока на стол и трча кон другиот лав.

Може да се види како еден од нив се обидува да скокне преку обрачот кој го држи циркусант. Потоа минува низ дупка во кафезот. Еден од лавовите е повторно фатен пред да дојде надвор, но другиот предизвикал вистинска паника кога тргнал во прошетка на паркингот на циркусот. Снимка споделена на Doulin – кинеска верзија на Тик-ток, покажува како животното излегува на улица дека ужаснатите луѓе се обидувале да побегнат.

Друга шокантна снимка прикажува како луѓе од публиката ги грабнуваат децата и исплашено бегаат додека се обидуваат да побегнат од лавовите. Еден посетител за локалните медиуми рекол дека инцидентот се случил на претстава каде што го однел своето дете да ги гледа лавовите. За среќа, персоналот успеал да го фати другиот лав пред да дојде до несреќа.

Циркусот е привремено затворен, јавуваат локалните медиуми.

Двата лава и претходно предизвикале масовна паника на еден голем аеродром, кога побегнале додека ги качувале во авион. Ветеринарите биле принудени да пукаат од пиштол за успивање по напорната „пресметка“ со персоналот на аеродромот „Чанги“ во Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот