ВИДЕО | Куп на Германија: Баерн и Лајпциг сигурно до четвртфинале

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен вечерва немаше проблеми и со убедлива победа против Мајнц од 0:4 се пласираше во четвртфиналето од Купот на Германија.

Фаворитот на овој натпревар работата ја заврши во првото полувреме кога постигна три гола. Резултатот беше отворен со голот на Чупо Мотинг по само 17 минути игра. На истекот на половина час Џамал Мусиала зголеми на 0:2. Пред крајот на првиот дел во листата на стрелци се запиша и Лерој Сане.

Во вториот дел Баерн сигурно ја чуваше предноста за пред крајот на средбата да постигне и четврти гол преку Алфонсо Дејвис.

Претходно денес се одигра натпреварот помеѓу Лајцпиг и Хофенхајм во кој бранителот на трофејот сезонава запиша победа од 3:1. Головите за Лајпциг ги постигнаа Форсберг, Лајмер и Вернер. Утешниот гол за Хофенхајм беше дело на Долберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот