ВИДЕО: Кристал палас пукна „петарда“ во мрежата на Лидс

фото: EPA-EFE/Andy Rain

Во 30 коло од Премиер лигата составот на Кристал палас славеше убедливо на гостувањето кај Лидс со резултат 1:5.

Домаќините водеа од 21 минута со погодокот на Бамфорд, а гостите израмнија непосредно пред паузата преку Гехи.

Тука не застанаа играчите на Хоџсон кои реализираа уште четири голови во мрежата на Мелие.

Во целосниот пресврт Ају двапати се запиша во листата на стрелците, а по еден гол имаа Едуард и Езе.

Кристал плас е на 12 позиција со 33 бодови, додека Лидс е на 16 место со 29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот