ВИДЕО: Крави пуштени да се шетаат низ владините згради во Индија во знак на протест

Фото Би-Би-Си принтскрин/ PARESH PADHIYAR

Добротворните организации, кои управуваат со засолништата за стока во западната индиска држава Гуџарат, ослободија илјадници крави во знак на протест против недостатокот на ветената владина помош, пренесува Би-Би-Си.

Видеата од кравите кои шетаат низ владините згради станаа вирални.

Демонстрантите се заканија дека ќе ги бојкотираат претстојните државни избори доколку владата не ослободи средства.

Гуџарат е меѓу неколкуте индиски држави кои се опоравуваат од појавата на ретка кожна болест, што доведе до големи загуби на добиток.

Државата пријавила повеќе од 5.800 угинати говеда, додека скоро 170.000 се проценува дека биле погодени од оваа болест.

Кравите се свети животни за поголемиот дел од хинду заедница во Индија, а нивното колење е нелегално во 18 држави, вклучувајќи го и Гуџарат.

Во 2017 година, Гуџарат ги заостри своите закони за заштита на кравите со известување дека оние што колат крави може да бидат казнети со доживотна казна затвор.

Во својот буџет за оваа година, владата на Гуџарат одвои 5 милијарди рупии (61 милиони долари; 57 милиони фунти) за одржување на засолништа за крави и други стари животни во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот