Фото: Oklahoma City Thunder

ВИДЕО | Кошмарна вечер за Лејкерси – тежок пораз од Оклахома и повреда на Дончиќ

Натпреварот меѓу Оклахома и Лејкерси беше најавуван како пресметка на два тима во најдобра форма во НБА и дуел на двајца водечки кандидати за наградата најкорисен играч. Но, место со неизсвесност заврши со убедлива победа на Оклахома од 43 поени разлика (139-96), а вечерта дополнително ја одбележа и повредата на Лука Дончиќ, кој имаше слаб шутерски настап и остана во сенка на извонредниот Шеј Гилџес-Александер.

Дончиќ првпат почувствува проблем со задната ложа кон крајот на првото полувреме, а болката повторно се појави на средината од третата четвртина. Во еден момент легна покрај основната линија, со рацете на лицето, додека неговиот тим побара тајм-аут. По кратка проверка од соиграчите, успеа сам да се упати кон соблекувалната, иако отежнато, на 7:39 до крајот на третата четвртина, при негатива на Лејкерси од 90:58.

Повредата само ја заокружи кошмарната вечер за Дончиќ, кој натпреварот го заврши со 12 поени, шут од игра 3 од 10 (за три поени 1 од 7), четири скока, седум асистенции и шест загубени топки. Во 26-те минути што ги мина на теренот, Лејкерс беа надминати со 25 поени разлика.

Оваа повреда на доаѓа по фантастичниот март, во кој Лејкерси имаа скор 15-2, а Дончиќ беше прогласен за играч на месецот во Западната конференција со просек од 37,5 поени, 8,0 скока, 7,4 асистенции и 2,3 украдени топки по натпревар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот