ВИДЕО: Кој на кого пукаше во Хоргош, на српско-унгарската граница? Нови снимки од масовното апсење

Фото: Видео Плус / Курир.рс

Вчерашното пукање ги вознемири жителите на селото Хоргош, на границата меѓу Србија и Унгарија, но и целата земја, пишуваат српските медиуми.

Курир“ пренесува дека полицијата реагирала и само во Хоргош и блискиот град Суботица привела повеќе од 600 мигранти кај кои, според српското МВР, биле пронајдени оружје и капа со амблем „ОВК“. Во Хоргош денеска дојде и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Паралелна акција била спроведена и во Белград, а вкупно се пронајдени и приведени 829 мигранти, соопшти МВР. Се истражува како мигрантите дошле до оружјето и каков бил мотивот за пресметката.

Но, организациите кои работат на проблемот со мигрантите велат дека одговорот на државата во случајов бил премногу неселективен, бидејќи во Хоргош не пукале мигранти, туку криминалци кои се занимаваат со трговија со луѓе.

Радош Ѓуровиќ, извршен директор на Центарот за заштита и помош на баратели на азил, во изјава за „Данас“ истакнува дека клучната порака е дека во судирот не учествувале две групи мигранти, туку две криминални групи шверцери.

– Не станува збор за мигранти, убијци или терористи. Ова беше конфликт меѓу луѓе кои се вмрежени во криминални групи кои се занимаваат со криумчарење луѓе, а кои не се состојат исклучиво од мигранти, вели Ѓуровиќ.

Државјани на Мароко и Пакистан пукале меѓу себе, неофицијално дознава „Блиц“. Иако полицијата соопшти дека имало само еден ранет човек, некои жители на Хоргош тврдат дека се ранети неколкумина мигранти, а слушнале дека вкупно десетмина се пренесени во болници. Нема официјална потврда за ваквите тврдења.

„Ги има насекаде. Доаѓаат на бензинската пумпа во селото да ги полнат батериите, а еден од нив бил многу непријатен и направил сцена бидејќи немал динари, туку само евра. Кога работникот на станицата му рекол дека не може да прифати евра дивее.Што точно се случи синоќа незнам но слушнав дека пак се судриле Мароканци и Пакистанци.Не е прв пат,ниту сега ќе се реши ова.Полицијата си ја врши работата,ама доаѓа пак и така натаму.Унгарците и кога ќе се вратат назад не се откажуваат туку живеат тука некое време,па пак се обидуваат илегално да ја поминат границата.Не ми пречат,има добри луѓе меѓу нив, но не можеме да им дозволиме да носат оружје и да пукаат низ селото“, велат мештаните.

Сите нелегални мигранти ќе бидат транспортирани во бегалските центри на југот на Србија, соопштија властите.

Жителите на Хоргош во четвртокот вечерта пријавија дека околу 18 часот слушнале серија истрели, по што се појавија снимки на кои се гледаа групи млади луѓе вооружени со „калашникови“ како одат низ селото и пукаат врз друга група. Во селото вечерта беа испратени силни полициски сили, кои уапсија ноќта пронајдоа и уапсија преку 600 мигранти, главно од арапските земји и од Пакистан, Бангладеш и Индија, а официјално било пронајдено само едно рането 20-годишно момче со две прострелни рани во градниот кош.

ВИДЕО: Морничави сцени во Србија – вооружена група пука во село на границата со Унгарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот