ВИДЕО | Ќе се смеете и ќе плачете во исто време: Tанцувањето на две баби во Белград разнежни многумина

Фото: Принтскрин/ТикТок

На социјалните мрежи се прошири видео ги разнежни корисниците. Видеото е снимено во центарот на Белград на кое се гледа како две баби танцуваат додека свири уличен музичар.

„Белград е чудо“, се вели во видеото на кое се гледа како уличен музичар свири, а две баби танцуваат.

„Еве, ако сакате да се смеете и да плачете во исто време“, гласи натписот на видеото откако беше споделено на Твитер.


Многумина беа разнежнети од фактот што едната баба е во инвалидска количка, додека другата ја вози околу свирачот и танцува. Потоа свирачот застанал пред жената во инвалидска количка и свирел само за неа.

На госпоѓата што ја турка количката раката ѝ е во гипс, па целата сцена е уште поемотивна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот