ВИДЕО: Кина чекаше 28 години за ново финале на светските шампионати

Кина чекаше 28 години за ново финале на Светските шампионати/Сиднеј, Австралија/30 септември 2022/фото: EPA-EFE/MARK EVANS

Женската кошаркарска репрезентација на Кина се пласираше во финалето на Светското првенство кое се одржува во Австралија.

Кинеските кошаркарки триумфираа со 61:59 (13:17, 23:13, 11:14, 14:15) во полуфиналето против австралиската селекција.

Претходно оваа азиска репрезентација успеа да обезбеди финале на светските шампионати во далечната 1994 година.

Победата за Кина ја донесе Сију Ванг со поените од линијата за слободни фрлања на три секунди пред крајот на натпреварот.

Прв стрелец во победничките редови беше Хан Ксу со 19 поени (11 скокови), а на спротивната страна Виткомб постигна 15 поени.

Во финалето Кина ќе игра против репрезентацијата на САД која претходно славеше убедливо над Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот