ВИДЕО: САД со 40 коша разлика ја декласираа Канада за финале на Светското првенство

Американските кошаркарки ја бранат светската титула/Сиднеј, Австралија/30 септември 2022/фото: EPA-EFE/JAMES GOURLEY

Женската кошаркарска репрезентација на САД со убедлива игра и победа над Канада (83:43) се пласираше во финалето на Светското првенство кое се одржува во Австралија.

Откако со 33 поени разлика ја совладаа селекцијата на Србија во четвртфиналето, во полуфиналниот меч на паркетот во Сиднеј Американките беа уште поубедливи.

Прашањето на победникот никогаш не се поставуваше, бидејќи по само неколку минути игра резултатот беше веќе 15:0 во корист на САД.

Канада немаше никакви шанси и предноста растеше од минута во минута, сè до конечните 40 поени разлика.

Стјуарт во победничките редови блескаше со 17 поени и осум скокови, а на спротивната страна ниту една кошаркарка немаше двоцифрен учинок, најефикасна беше Амихере со осум коша.

Во второто полуфинале на СП од 11.30 часот се среќаваат домаќинот Австралија и селекцијата на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот