ВИДЕО: Калифорнија засекогаш ќе ги чувствува последиците од климатските промени

Пожарот Дикси во Калифорнија/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Во едно застрашувачко видео објавено од страна на „Петоци за иднината“, климатското движење предводено од млади луѓе инспирирани од шведската еколошка активистка Грета Тунберг, одлично се доловуваат шумските пожари кои ги опустошија живописните предели на Калифорнија, а од организацијата се надеваат дека видеото ќе поттикне на итен повик за преземање акција, пренесува Гардијан.

Краткото видео, насловено „Те сакам, Калифорнија“, ја следи камерата низ опустошените шумски предели, прикажувајќи ги сликите од пепелта оставена од ужасните рекордни летни пожари.

„Регионалната химна на Калифорнија, усвоена во 1951 година, ја слави убавината на богатиот, разновиден природен пејзаж на Калифорнија, од шумите на црвено дрво, до природниот извоз на мед, овошје и вино“, се вели во соопштението на организацијата. „Денес, овие стихови им звучат повеќе болно отколку радосно за жителите кои се принудени да гледаат како горат истите шуми и полиња со жито од година во година“.

Пожарите отсекогаш биле дел од пејзажите низ западниот дел на САД и се суштински дел од многу екосистеми што еволуирале заедно со нив. Но, климатската криза ова лето достигна ново ниво во Калифорнија.

Во последните шест години, државата ги забележала своите осум најголеми пожари, 13 од 20 најразорни пожари и три од првите пет најсмртоносни пожари.

Иако видеото е само еден дел од акциите организирани во САД, тоа нагласува како животот во најнаселената американска сојузна држава веќе е оштетен од опасните еколошки промени кои се очекува да се интензивираат во наредните години.

„Климатската криза повеќе не е апстрактна иднина или вести за некоја далечна земја. Тука е – сега е“, рече Катарина Мајер, национален координатор на „Петоци за иднината“ на САД, во писмена изјава, повикувајќи ги другите да се приклучат на движењето.

Зголемените температури ги ескалираа условите за суша низ американскиот запад, оставајќи ги исушените растенија подготвени да изгорат.

„Растејќи во Калифорнија, невозможно е да не се видат разорните ефекти од пожарите врз сè околу вас“, рече Кијоми Морисон,  уметнички директор на Фред и Фарид, агенцијата со седиште во Лос Анџелес која го произведе видео во соработка со „Петоци за иднината“.

„Како само една од ужасните реалности на климатските промени“, рече таа, „се надевам дека ова може да донесе повеќе свест за сегашниот пат по кој одиме надолу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот