Американецот Марк Ворен доби нов мотоцикл од Путин/Фото: Икс

ВИДЕО | Како Американец од Енкориџ од Путин доби на подарок руски мотоцикл

Случајната средба со руски новинари на Американецот Марк Ворен кој живее во Енкориџ, Алјаска каде во петокот се одржа историскиот самит меѓу Трамп и Путин, резултираше тој на подарок да добие мотоцикл директно од Русија, по иницијатива на претседателот.

Имено, Ворен бил запрен од руска телевизиска екипа на 9 август кога го забележале неговиот мотоцикл од советско производство.

Екипата била импресионирана и почнала да му поставува прашања на Ворен за тоа. Сепак, Ворен рекол дека одржувањето на машината станувало тешко бидејќи фабриката за производство сега била „во Украина“.

„Новинарите застанаа да се восхитуваат на мотоциклот на Ворен, произведен од  „Урал“, чија оригинална фабрика е основана во 1941 година во тогашна Советска Русија“, објави Ројтерс.

„Стана вирално, полуде и немам поим зошто, бидејќи всушност јас сум многу нормален човек“, рече Ворен во вторникот. „Тукушто интервјуираа некој старец на „Урал“ и од некоја причина мислат дека е кул“.

Приказната стана вирална во Русија и дури го привлече вниманието на Владимир Путин, кој потоа му подари сосема нов руски мотоцикл, кој има и посебно седиште за сопатник.

На 13 август, два дена пред самитот Трамп – Путин на кој ќе се разговара за војната во Украина, Ворен добил телефонски повик од рускиот новинар, кој му рекол: „Одлучиле да ти дадат мотоцикл“.

Ворен рече дека документ што го добил покажува дека подарокот бил договорен преку руската амбасада во САД.

Тој рече дека првично мислел дека можеби е измама. Но, откако Путин и Трамп ја напуштија воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон по нивниот тричасовен самит минатиот петок, тој добил уште еден повик во кој бил информиран дека мотоциклот е во базата.

Му било кажано следниот ден да оди во хотел во Eнкориџ за достава. Отишол со сопругата, и таму на паркингот, заедно со шест мажи за кои претпоставил дека се Руси, бил маслинестиот мотоцикл, вреден 22.000 долари (19.000 евра).

„Бев запрепастен. Помислив: Мора да се шегуваш. Ви благодарам многу“, рече Ворен.

Путин веројатно бил поласкан од изборот на постариот Американец на мотоцикл од советската ера и го наградил соодветно, не пропуштајќи ја можноста за позитивен наратив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот