ВИДЕО: Јокиќ растура во НБА

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Центарот на Денвер нагетс одигра уште еден одличен натпревар.

Денвер нагетс славеше со 118:112 против Чикаго булс, а повторно во главната улога беше центарот Никола Јокиќ со нова МВП партија. Јокиќ во победата постигна 39 поени, имаше 14 скокови и девет асистенции.
Денвер до победата дојде во самиот финиш кога на серијата од 10:0 на Чикаго за 108:106, Денвер возврати со шест поени во низа.

Јокиќ со 39. поени стана првиот кошаркар на Денвер по Кармело Ентони од 2009/10, кој во една сезона на десет натпревари постигнал најмалку 35 поени со што уште еднаш ја истакна кандидатурата за МВП признанието за најкорисен играч во НБА лигата.

Интересен и возбудлив натпревар одиграа Далас и Орландо, и на крајот се радуваше тимот од Тексас кој славеше со 130:124.

Вообичаено, Лука Дончиќ беше прво име во победата со 33 поени, 10 скокови и девет асистенции, додека на спротивната страна, Никола Вучевиќ имаше 29 поени, 15 скокови и осум асистенции.

Единственото продолжение се играше во Сан Антонио каде домашниот тим загуби со 113:124 од Бруклин нетс. Џејмс Харден беше предводник на Бруклин со 30 поени, 14 скокови и 15 асистенции, Кајри Ирвинг уфрли 27 пени.
Демар Дерозан со 22 поени и 11 асистенции беше најпрецизен кај Сан Антонио.
Најдобриот тим во лигата, Јута џез доживеа пораз од Њу Орлеанс со 129:124. Зајон Вилијамс и Брендон Инграм постигнаа по 26 поени за Њу Орлеанс.

Резултати:
Орландо – Далас 124:130
Филаделфија – Индијана 130:114
Чикаго – Денвер 112:118
Њу Орлеанс – Јута 129:124
Сан Антонио – Бруклин 113:124
Хјустон – Кливленд 90:101
Портланд – Шарлот 123:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот