ВИДЕО: Јокиќ е незапирлив, постави нов рекорд во кариерата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија во НБА лигата/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарот на Денвер нагетс продолжува со фантастичните игри сезонава.

Натпреварот помеѓу Денвер и Феникс санс беше одлучен по две продолженија, а победата од 120:112 му припадна на тимот од Колорадо.

Во финишот од натпреварот, во последната минута, Феникс влезе со предност од 98:95, но Џамал Мареј со неверојатна тројка во последната секунда успеа да го однесе дуелот во продолжението. Во него повторно се играше поен за поен пред Денвер со поените на Јокиќ да дојде до предност од 106:103. Во последните девет секунди, Краудер успеа да погоди тројка и да го однесе натпреварот во второ продолжение во кое далеку подобар тим беше Денвер кој на крајот славеше со 120:112.

Никола Јокиќ постигна 29 поени и имаше рекордни во кариерата 22 скокови на кои им додаде и шест асистенции. Џамал Мареј постигна 26 поени.
Во тимот на Феникс кој играше без најдобриот стрелец Девин Букер, се истакна Крис Пол со 21 поен и 13 асистенции.


Хјустон рокетс игра одлично без Џејмс Харден кој беше разменет во Бруклин. „Ракетите“ го совладаа Далас со 133:108, а најпрецизни беа Ерик Гордон со 33 поени и Демаркус Казнс со 28 поени и 17 скока.

Шампионот ЛА Лејкерс без поголеми проблеми го совлада Чикаго булс и тоа благодарение на најдобрата партија сезонава на Ентони Дејвис кој даде 37 поени.

Резултати:
Бруклин – Мајами 128:124
Детроит – Филаделфија 110:114
Минесота – Њу Орлеанс 120:110
Чикаго – ЛА Лејкерс 90:101
Далас – Хјустон 108:133
Феникс – Денвер 112:120
Јута – Голден Стејт 127:108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот