ВИДЕО | Иранците како некогаш Србите — со човечки штитови ги бранат мостовите, се собираат и околу електраните
Луѓе кои протестираат пред електрани и на мостови во земјата се гледаат на снимките и фотографиите објавени денеска во иранските државни медиуми, кои ги пренесоа и медиумите ширум светот.
Препорачано
Сликите наликуваат на оние кои можеа да се видат во 1999 година во Србија за време на НАТО-бомбардирањето, каде граѓаните исто така се обидуваа да го спречат таргетирањето на мостовите со тоа што во голем број ќе се собираат на нив.
Иранскиот функционер Алиреза Рахими претходно ги повика граѓаните, особено младите, да формираат „живи штитови“ околу електраните по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади врз инфраструктурата по истекот на ултиматумот.
Рахими, претставен како секретар на Врховниот совет за млади и адолесценти, во видео-обраќање ги повика „младите, спортистите, уметниците, студентите и професорите“ да се соберат околу електраните.
Видео објавено од новинската агенција Фарс прикажува луѓе со големо иранско знаме на мостот Пол Сефид во Ахваз, додека друго видео наводно прикажува „синџирстуденти“ на Стариот мост во Дезфул.
Фотографии прикажуваат луѓе и пред електраната „Шахид Раџаи“ во близина на Техеран, како и група со транспаренти пред електрана во Табриз.
Не е јасно колку овие собири се организирани и дали се директно поврзани со повикот за „живи штитови“.
Трамп повеќепати се закани со напади врз ирански електрани, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека неговите сили гаѓаат ирански мостови.
Трамп постави рок до 2 часот по полноќ по источно време во среда Иран да дозволи користење на Ормускиот Теснец без закани, со најава дека САД може да нападнат енергетски постројки доколку тоа не се исполни.
A human chain has been formed on the White Bridge in Ahvaz, Iran. pic.twitter.com/6eqsrnhb9q
— Clash Report (@clashreport) April 7, 2026
Пезешкијан: 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат своите животи за одбрана на Иран


