ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Тренчевска: Недозволиво е една негователка да чува 60 деца, градоначалниците треба да обезбедат кадар

Јована Тренчевска/Фото: Методи Здравев

Градоначалниците сами треба да одредат колку воспитувачи и негователи се потребни, не може да има една воспитувачка на 60 деца- вели Јована Тренчевска во интервју за “Слободен печат“ на Слободна ТВ. Таа на прашање дали во Радишани една негователка чува 60 деца рече дека ова се  дезинформации кои се шират по социјални мрежи.

-Министерството ги гради градинките, а потоа тие поминуваат во раце на општините. Надоместокот за чување на децата оди на општински сметки. Ние имаме стандарди колку вработени се потребни за колку деца. Останатото треба самите градоначалници да си го обезбедат. Во помалите градови нема проблем со упис во градинка. Во Скопје е многу тешко. Министерството за труд не вработува туку Министерството за финансии. Од нив зависи дали ќе одобрат или не вработување на негователи и воспитувачи- вели Тренчевска.

Целото интервју на министерката за труд и социјала Јована Тренчевска погледнете го во продолжение:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот