ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. д-р Дохчев: Жена на 33 години донираше бубрег на сопругот

д-р Сашо Дохчев - уролог и хирург / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Македонија е во исчекување на 500-та трансплантација на бубрези. Завидна бројка од 493 трансплантации од жив донор, но и кадаверични се успех на Клиниката за урологија. Во Македонија првата трансплантација на бубрег од жив дарител е направена од 1977 година од доктор Влашки. По распадот на СФРЈ во земјава се прави прекин на кадаверична трансплантација. ,,Нова ера,, на полето на трансплантација на бубрези почнува од 2012 година кога за многу краток временски период од три години и три месеци драстично се зголемува бројот на трансплантации вкупно 110 (15 кадаверични) или нешто повеке од 33 трансплантации во тек на една година. За оваа и за многу други теми околу машкото здравје во Утрински печат на Слободна ТВ зборуваме со проф. д-р. Сашо Дохчев, директор на Клиниката за урологија и шеф на тимот за трансплантација.

– После годишните одмори се надеваме дека ќе ја направиме петстотата трансплантација во земјава. За Македонија тоа е бројка за пофалба. Ќе се направи пауза од два месеци за „ливинг донор“ трансплантација, но ако има кадавер секако ќе се земат органи – вели Дохчев.

Тој се надева дека целната бројка ќе ја достигнат наскоро. Во времето на „ковид пандемијата“ направиле убав рекорд. Во ек на пандемија направени се 12 трансплантации кога светот се бореше со непознат непријател.

– Наредна година 28 трансплантации се направени. Доминантна трансплантација е од жив донор. Мора да се работи на свеста за донирање на органи. Сите сме кадавер донори, нашиот закон е усогласен со европскиот. Сите во тек на живот сме донори и не треба во тек на животот да се изјаснуваме дали сакаме да донираме органи. Единствена пречка е ако по клиничка смрт најблиското семејство не се согласи да ги донира органите – вели Дохчев.

Тој сеуште не е задоволен од кадаверични трансплантации. Според него голема е одговорноста кога се зема орган од здрав човек и таа трансплантација мора да се намали за сметка на кадавер.

– Состојбата на пацинетите по трансплантација е добра. Преживувањето на пацинети е 95 отсто. Од 10 трансплантации годинава само една е неуспешна. Ние сме во европскиот просек. По трансплантиран органи се зема терапија против отфрлање. Во почеток поагресивна, после се намалуваат дози. Има од 10 до 20 годишно преживување на пациенти- вели докторот.

Во моментов 100 лица чекаат трансплантација, тие се за кадаверична трансплантација. Тој објаснува дека во Хрватска скоро и да нема пациент за трансплантација. Таму нема скоро никој на листа за чекање.

– Најмлад пациент кај кој е трансплантиран бубрег е околу 18 години, сега има дете 15 години кое чека трансплантација, до крај на јуни ќе биде на програм за нов бубрег. Најстар е 67 години кадавер, жена од Прилеп излезе добро. Најмлад ливинг донор во Македонија е жена која на својот сопруг му донираше бубрег на 33 ггодини. Непојмливо- се шегува професорот.

Според него се зголемува бројот на карциноми на простата кај мажи.

– Табу тема е одењето на уролог кај мажи. Се прави ехо, ректален преглед кој е најнезгоден. Интернисти гледаат на ехо, ако има нешто сомнително се прави ПСА маркер, па преглед, па биопсија, магнет и операција на крај ако има чворови на туѓо ткиво. Битно е еднаш годишно да се направи после 50 година. Има и зголемување и на број на карциноми на тестиси. Се работи за епидемија на карциноми на тестиси кај помлади луѓе. Може до 40 години да се јави карцином на тестиси. Ова е најбениген од малигните болести и мора самопреглед. Секоја промена значи аларм за посета на уролог – вели Дохчев.

Со него разговаравме и за недостигот на кадри на клиниката, за здравствената состојба на пацинети, има ли втора трансплантација ако првата е неуспешна.

Целосното интервју гледајте го на Слободна ТВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот