ВИДЕО: Интер го освои куп трофејот, Перишиќ му пресуди на Јувентус

Хрватот го напушти Интер, Иван Перишиќ ќе игра во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Во финалето на Купот на Италија кое се играше на „Олимпико“ во Рим славеше екипата на Интер против Јувентус со 4:2 по продолженијата. Во регуларните 90 минути беше 2:2.

По првиот дел водеше миланскиот клуб со голот на Барела во седмата минута после асистенцијата на Брозовиќ.

На стартот од второто полувреме „Старата дама“ постигна два гола за две минути преку Алекс Сандро и Влаховиќ.

Израмни Чалханоглу од пенал во 80 минута и го одведе мечот во дополнителни 30 минути.

Во првото продолжение хрватскиот интернационалец Перишиќ двапати се запиша во листата на стрелците (98`, 102`) и така го постави конечниот епилог.

Ова е прв Куп трофеј за „нераѕурите“ од 2011 година, а вкупно осми во клупската историја. Повеќе од нив освоија само Јувентус (14) и Рома (девет).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот