ВИДЕО I Сараевските угостители ги наполнија улиците: Воведете блокада, купете вакцини

Членови на четири здруженија во Сараевскиот кантон, вклучувајќи угостители, музичари, хотелиери и занаетчии, одржаа протестен марш поради најавената блокада за викендот.

Тие тргнаа од спомен-обележјето на Вечниот пламен до владата на КС. Тие властите ги обвинуваат за лошо управување со епидемиолошката состојба и бараат оставки доколку не бидат исполнети нивните барања или ситуацијата не се подобри по викендот, пренесоа босанските медиуми.

Исто така од Владата бараат целосно да го затвори Сараевскиот кантон, доколку веќе се воведат такви селективни мерки.

„Денес не само угостители тука, туку и занаетчии, музичари и други работници, келнери. Бараме целосна блокада“, рече Адил Сурковиќ, еден од незадоволните угостители.

Тој додаде дека луѓето кои се слободни два дена ќе го шират вирусот низ остатокот од БиХ.

„Ние ги дадовме нашите барања до Владата на КС, тие знаат што да направат. Ако не ја повлечат оваа одлука, повторно ќе одиме на демонстрации, ќе нè има повеќе. Целиот град е огорчен. Нема вакцини“, истакна Шурковиќ.

Тие најавија дека ќе одржуваат протести секој ден сè додека не бидат исполнети нивните барања – воведување на целосна блокада и вонредна состојба во БиХ, што ќе им овозможи да ја надоместат штетата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и мерките преземени во Босна и Херцеговина.

Претходните денови тие посочија дека веќе една година работат со 30 проценти од своите капацитети, поради мерки и зараза, што не им е доволно за да го задржат својот бизнис. Тие исто така најавија дека ќе ги отпуштат работниците доколку не се најде начин да им се помогне.

„Ние угостителите повеќе не можеме да продолжиме, нашето постоење е целосно загрозено“, заклучи Сурковиќ, објави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот