ВИДЕО I Локвенец: Отворени претквалификациски понуди за две делници од пругата кон Бугарија

Фото: youtube/printscreen

Вчера ја читав најавата за најновата книга на Бил Гејтс, кој вели дека проблемот со пандемијата ќе биде решен, но проблемот со екологијата, со глобалното затоплување е нешто од што човештвото треба да се плаши. Оправданоста на железничкиот коридор е потреба во огромната моќ што ја има самиот железнички превоз. Замислете 1.500 тони некакви добра, стоки, роба, може да ја пренесе само една железничка локомотива, која се управува на електричен погон и пандан е на осумдесетина други патнички средства. Во овој момент железницата е најеколошко превозно средство што го имаме. Од друга страна, за да ја постигнеме позицијата на крстопат и во срцето на тој крстопат да биде нашиот главен град Скопје, е Коридорот 8. Поврзувањето на две други мориња, Јадранското и Црното море, преку западното крило на Коридорот 8 е од непроценлива вредност за оваа држава која во иднина сметам дека ќе ги скицира перспективите и на економијата, но и целиот развој на државата, изјави Хари Локвенец, директор на ЈП за железничка инфраструктура „Железници“ во гостувањето во „Утрински брифинг“.

– Пругата од Куманово до границата со Бугарија е во должина од 89 километри и поделена е во три фази. Првата фаза е од Куманово до Бељаковце во должина од 31 км., од Бељаковце до Крива паланка со должина од 34 км. и најтешкиот, но и најкраткиот, во случајов (24 км) од Крива Палнака до границата. Во овој момент ние збориме за отворена тендерска постапка за првата и за втората фаза. Станува бор за претквалификациски дел од тендерот, со моќност за доставуање на понудите до вчера, 15 февруари. Сето ова беше преку платформата на Европската банка за обнова и развој. Понудите стигнаа, тимовите за имплементација на проектот кој е од македонски железници веќе работи во евалуацијата на апликациите и нашите очекувања се дека во најкус рок нештата ќе бидат завршени, вели Локвенец.

Станува збор за грантовски средства во износ од 68 милони евра за втората делница и дополнителни 60 милиони евра од ИПА 2 програмата што мора да ги трошиме час поскоро, додава Локвенец.

– Пругата од Куманово до Бељаковце е почната да се гради во 2015 година. Таа пруга беше реализирана од страна на германски изведувач, кој во 2020 година, по сопствено барање, го раскина договорот и замина од градилиштето. Остави нешто што е направено и нешто што треба да се доправи. Проценките се дека 54 отсто се реализирани. Анализата базирана од стручни инженери предвидува дека градбата треба да заврши во рок од три години. Моите очекувања се дека треба да биде во пократок рок. Втората половина во 2021 година, новиот изведувач кој би ги работел овие делници треба да почне со работа, вели Локвенец.

Поврзувањето помеѓу Северна Македонија и Бугарија, со заеднички тунел, е нешто што мора да се заврши заедно. Комуникацијата со инфраструктурата на бугарски Железници е на коректно ниво. Првата половина на март месец е планирана средба и убеден сум дека таа соработка ќе биде интензивирана. Секоја држава го прави својот дел поединечно, со тоа што потребни се консултации и координација за заедничкиот тунел, за да биде направен најбрзо, најефтино и најквалитетно, истакна Локвенец.

– Европската Унија со прогласување на 2021 за година на железниците, го покажа својот максимален интерес кон железнуичкиот сообраќај во цела Европа. Средствата стојат на располагање, ги имаме, и би сакал да ја информирам јавноста дека со огромна помош и на канцеларијата на Европската Комсисија кај нас и на Европската банка за обнова и развој, се подготвува апликацијата за досега најголемиот инвестициски грант во нашата држава поврзан со реализацијата на фаза 3, вели Локвенец.

Повеќегодишна идеја е дека од Скопје до Аеродром ќе се гради пруга која е за подобрување на квалитетот на живот. Станува збор за исклучително визибилен проект. Во овој момент сме на идејно решение што се прави во македонски Железници, додава Локвенец.

Целиот разговор со директор на ЈП за железничка инфраструктура „Железници“, Хари Локвенец може да го погледнете во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот