ВИДЕО I Лидерот на партијата „Исправи се.бг” Маја Манолова: Борисов не разбира дека не е во позиција да го поставува дневниот ред ниту на Националното собрание

 Во видео порака објавена на Фејсбук, Маја Манолова, чија партија освои 4,72% на парламентарните избори во Бугарија во неделата, категорично го отфрли предлогот на бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на состанокот на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија.

„Борисов не разбира дека не е во позиција да го поставува дневниот ред ниту на Националното собрание ниту на бугарскиот народ. Народот му покажа црвен картон и она што се очекува од него е да ја исполни уставната постапка – да достави предлог за влада. Тогаш ќе стане јасно дека тој е во целосна изолација”.

Според Манолова, бугарскиот устав по втор пат станува алатка во рацете на премиерот Бојко Борисов за задржување на власта, за да продолжи да биде нелегално премиер . Таа истакна дека во Бугарија сè уште ќе има уставна дебата и судски реформи. Но, дали ќе бара Големо национално собрание ќе одлучат партиите на протестот во новиот бугарски парламент, додаде таа. Манолова коментира дека природните партнери на „Исправи се.бг” се „Има таков народ ” и „Демократска Бугарија” и тие ќе ги координираат своите напори и ќе одлучат каде да одат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот