Група граѓани тргнаа на „ноќна стража“ на гробот на Гоце, полицијата ги запре далеку од црквата Свети Спас

Фото: Твитер / @MKDProLet ·

Група граѓани, кои носеа патриотски обележја и знамиња, вечерва се организираа на централниот скопскиот плоштад и тргнаа да чуваат таканаречена „ноќна стража“ пред црквата Свети Спас и гробот на Гоце Делчев, еден ден пред најавеното одбележување на денот на кој е роден македонскиот револуционер.

Групата од стотина луѓе се собра на плоштадот Македонија, од каде се упати кон црквата Св. Спас, но беа запрени на релативно голема далечина, каде што е поставен полициски кордон кој го обезбедува околниот простор. Тие негодуваа до полицајците поради тоа што не ги пуштаат да одат понатаму, па пееја патриотски песни и извикуваа „Никогаш Северна, само Македонија“.

Собраните граѓани најавуваат дека таму ќе ја минат ноќта. Дел од нив најавија дека во текот на вечерта ќе го блокираат и целиот мост „Гоце Делчев“, во знак на протест поради тоа што им е попречено движењето и не ги пуштаат да стигнат до црквата Свети Спас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот