ВИДЕО | Груби: Мора да има одговорност за автобуската несреќа во Бугарија

Artan Grubi

По петочната молитва, починатите ќе бидат погребани во нивните места. Не се обидуваме да правиме спектакл од овој настан, сакаме да оддадеме почит и да ја искажеме нашата болка, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во своето гостување во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.

– Во однос на несреќата, нема да оставиме ништо на случајот, а да не дознаеме што се случило и да одговараат сите одговорни за трагедијата. Нема бегање од одговорност. Гледаме дека истрагата е динамична во Бугарија. Јас кажав и на владина седница дека ќе бараме одговорност и од фукционерите и, по извештајот, ќе има поместувања следната недела. Тој автобус поминал многупати низ границата, значи има многу коруптивни елементи во начинот на кој може таков автобус да помине пет гранични премини. Затоа треба да го раздрмаме системот со темелна истрага. Ќе го повикам и Руфат Усеини на разговор и очекуван детални информации, рече Груби.

Исто така, тој истакна дека не го штити сопственикот на „Беса транс“.

– Не, нула, никогаш. Под никои околности и услови, ниту сопственуикот кого не го знам, ниту било кој функционер, директор или министер. Секој ќе сноси одговорност во зависност каква му е одговорноста за несреќата. Руфат Усеини не е роднина на Али Ахмети, објасни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот