ВИДЕО | Грковска: Сајбер безбедноста е инвестиција, а не трошок

Славица Грковска, вицепремиерката задолжена за добро владеење
Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за добро владеење / Утрински брифинг

Државите повеќе време и ресурси почнуваат да вложуваат во дигитализацијата која се покажа како клучна не само во мирни усови туку и во време на војна што можевме да видиме во Украина.

-Имајќи ги предвид глобалните предизввици со кои се соочуваме гледаме колку е битна сајбер-безбедноста, вели Славица Грковска, вицепремиерката задолжена за добро владеење која е во Талин, Естонија, каде што се одржува конференција посветена на сајбер безбедноста.

Грковска вели дека за нас е важна добрата соработка со Естонија која е многу напред на ова поле ти советите и примерите оттаму се многу битни, истовремено ќе добиеме добри совети и ќе одбегнеме да ги направиме грешките то тие ги направиле во текот на процесот на развивање на дигитализацијата на земјата и зајакнувањето на сајбер безбедноста.

-Ние имаме уште многу да работиме на ова поле. Мора да најдеме модел и начин да ја зголемиме свесноста за опасностите што ги носи дигиталниот свет. Дигитализацијата и сајбер безбедноста одат едно со друго. Ако нудиме дигитални услуги мораме да им дадеме гаранции на граѓаните дека користењето на ваквите услуги нема да ги загрози нивните лични податоци, вели Грковска за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот