ВИДЕО: Граѓаните масовно ги враќаат членските книшки и одат на терапија – иновативен спот за изборите во Црна Гора

Фото: Crno na bijelo – Može Nikšić

Листата „Црно на бело – може Никшиќ“ претстави необично иновативен предизборен спот за престојните локални избори закажани за 14. март.

Спотот на иновативен начин говори за тоа како може да се врати украденото достоинство на граѓаните на Никшиќ. Имено, во воведот на спотот се покажува група на поранешни гласачи на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ кои на заедничка терапија пронаоѓаат лек за да го прекинат ланецот на зависност од ДПС.

Со празни ветувања, приказна за минатото, привилегиите и работните места ДПС континуирано купува гласови, но спотот укажува дека таа излитена матрица повеќе не дава резултати. Граѓаните стануваат свесни за заблудите, до кои ги довела политиката на ДПС и ја преземаат работата во свои раце гласајќи единствено за граѓанска, еколошка и европска опција, платформата „Црно на бело“, здружени околу Граѓанското движење УРА.

Главната порака е дека граѓаните на Црна Гора колективно се свртени кон иднината тогаш кога методите на ДПС ќе ги остават во минатото.

Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека коалицијата околу ДПС од ден во ден ја губи поддршката, а расте поддршката за платформата „Црно на бело“. Поради тоа се се почести нападите од ДПС и неговите коалициони партнери врз движењето УРА. Аналитичарите сметаат дека токму листата околу УРА е најголемата опасност за ДПС на престојните локални избори во Никшиќ.

Извор: Вијести.ме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот