ВИДЕО | Гошевски: Има пад на сите берзи, малку фалеше целата криптоструктура да оди во неповрат

Душко Гошевски/Фото: Слободен печат

Минатата недела и викендов криптовалутите крахираа, а некои практично достигнаа цена која што е нула и во едни такви околности во Белград се одржа европска крипто конференција.

-Во Белград се случи историска недела во криптосветот. Интересно беше како ќе реагира криптосветот собран на конференцијата и тоа во ек најголема корекција на цени и надолен тренд. Во Белград беше најголемата европска крипто-конференција до сега, каде што имаше над 100 панелисти, видни личности од крипто-светот. Имаше 2.000 посетители првиот ден, изјави во Утрински брифинг Душко Гошевски, адвокат и експерт за криптовалути.

Тој појасни дека по краткиот пад, се стабилизираше криптопазарот.

-Се стабилира се, но малку фалеше целата крипто-финансиска структура да оди во неповрат. Тоа само го отвори прашањето за регулација на криптопазарот, рече Гошевски.

Тој се осврна и на предвидувањата и на тоа дали ќе се стабилизира криптосветот.

-Има веќе некоја стабилизација. При овие случувања, биткоинот падна до 27.000 долари, а денес е веќе над 30.000 долари. Се` се базира на доверба. На мала врата издржа, ја доби довербата на целата заедница. Мислам дека повеќе од 50 проценти од лицата кои имаат криптовалути ги купиле минатата година. Тоа е заедница која се шири. Има податоци дека веќе 14-15 проценти од Американците имаат некој вид на дигитална валута. Таа заедница некако успеа да го задржи овој пат. Зошто стрмоглавиот пад беше само во рок од неколку часа – капитализацијата од 800 милијарди некако ја снема, објаснува Гошевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот