Фото: Принтскрин од видео на Nexta

ВИДЕО | Голем пожар зафати гаража на кинеска фабрика за електрични возила

Голем чад од избувнат пожар вчера се ширеше од паркинг-гаража на кинескиот производител на електрични возила „BYD“ во Шенжен, објави Ројтерс.

Видеа од очевидци и снимки од социјалните мрежи, покажуваат како пламените се шират низ голем дел од повеќекатната зграда. Видеата прикажуваа и густ чад што се шири над околната индустриска зона. Како одговор, противпожарни возила и полициски единици беа забележани како итно пристигнуваат на местото, додека повеќе екипи работеа на целосно гаснење на пожарот и обезбедување на периметарот.

Пожарот оттогаш е изгаснат, при што засега нема пријавени жртви.

Прелиминарните истраги, на кои се повикуваат кинеските медиуми, укажуваат дека пожарот бил предизвикан од „несоодветни градежни работи“. Во извештаите се негира дека станува збор за безбедносен дефект поврзан со батериите кај електричните возила.

Компанијата соопшти дека во гаражата се наоѓале „тестирани и отпадни возила“. Односно, во гаражата немало возила од производството, ниту пак возила наменети за клиенти.

„Објектот содржеше експериментални возила и возила на крајот од својот животен век. Инцидентот не ги зафатил активните производствени линии, ниту готовите производи подготвени за испорака“, нагласија од компанијата.

Акциите на „BYD“ паднаа за 0,6 проценти по веста за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот