ВИДЕО: Ѓоковиќ непријатно изненаден во Лондон!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вечерва во второто коло од групата „Токио 1970“ на Завршниот АТП турнир во Лондон е поразен од Данил Медведев со 6:3, 6:3 за еден час и 21 минута игра.

Четвртиот светски рекет ја забележа и втората максимална победа во англиската престолнина и обезбеди место во полуфиналето.

Од втората група во Топ 4 на турнирот се најде и Доминик Тим од Австрија.

Ѓоковиќ одлучувачкиот меч за место во полуфиналето ќе го има в петок против Александар Зверев, а победникот ќе оди во следната фаза. Аргентинецот Диего Шварцман остана без шанси во завршницата откако загуби од Зверев.

Во втората група Тим е сигурно прв, додека Стефанос Циципас и Рафаел Надал ќе играат за учество во полуфиналните борби.

ВИДЕО: Зверев подобар од Шварцман, за полуфинале против Ѓоковиќ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот