ВИДЕО: Германија броеше до седум, Украинците со успешен тест пред Амстердам!

Фото: PA-EFE/SASCHA STEINBACH

После ремито со Данска (1:1) пред пет дена, вечерва германската репрезентација го имаше последниот пријателски натпревар пред настапот на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Јоаким Лев во Дизелдорф убедливо со резултат 7:1 ја совладаа селекцијата на Летонија. Во победничките редови по еднаш во листата на стрелците се запишаа Госенс, Гундоган, Милер, Гнабри, Вернер и Сане, автогол си постигна Озолс, а на спротивната страна во 75 минута стрелаше Савелјевс.

Германците на ЕП се наоѓаат во групата „Ф“ со селекциите на Франција, Унгарија и актуелниот европски шампион Португалија.

Украина која е еден од ривалите на Македонија во групата „Ц“ на еврошампионатот, после минималната победа над Северна Ирска (1:0), забележа уште еден триумф овојпат над Кипар (4:0) во Харкив.

Гол-серијата ја стартуваше Јармоленко со гол од пенал, од белата точка непосредно пред паузата предноста ја зголеми Зинченко. Во 59 минута за 3:0 се погрижи Јаремчук, а конечниот епилог го постави Јармоленко со својот втор погодок.

Играчите на Андриј Шевченко сега целосно ќе се фокусираат на ЕП каде што својот прв меч ќе го имаат на 13 јуни против Холандија во Амстердам со почеток од 21.00 часот во „Јохан Кројф“ Арената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот