ВИДЕО: Французите демонстрираа сила, минималец на Англија

epa09243909 Antoine Griezmann (C) of France celebrates with teammates after scoring the 2-0 lead during the International Friendly soccer match between France and Wales in Nice, France, 02 June 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Фудбалската репрезентација на Франција вечерва покажа зошто обложувалниците сметаат дека тие се главен фаворит за триумф на ЕП. Французите со 3:0 го совладаа Велс, а по пауза од шест години во репрезентацијата се врати Карим Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид имаше шанса со гол да го прослави кам-бекот во репрезентацијата, но не го реализира пеналот во 27. минута. Седум минути подоцна, Франција поведе преку Мбапе за во второто полувреме со головите на Гризман и Дембеле да дојде до убедлив триумф.


Победа на првиот контролен натпревар во пресрет на ЕП, оствари Англија која на „Риверсајд“ стадионот во Мидлсбро со 1:0 ја совлада Австрија. Единствениот гол го постигна Сака во 57. минута.


Германија одигра само 1:1 против Данска, а ремизираа и Холанѓаните и тоа против Шкотска играјќи 2:2.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот