ВИДЕО | Флертува со новото момче: Кајли Џенер и Тимоти Шаламе за првпат „уловени“ заедно во јавност

Фото: Profimedia

Кајли Џенер (25) и Тимоти Шаламе (27) за првпат беа „уловени“ заедно на концертот на Бијонсе во Лос Анџелес и со тоа конечно ја потврдија својата романса, пишува „Дејли мејл“.

Реалити ѕвездата и актерот беа видени како разговараат и флертуваат меѓусебе, на стадионот во Инглвуд, на последната турнеја на познатата пејачка, во видеото кое беше споделено на социјалните мрежи.

Провокативната Кајли постојано се смееше и заводливо му се обраќаше на Тимоти, додека тој беше виден како пушти цигара.

Кајли носеше провокативна облека без ракави, која ја комбинираше со златни обетки, а косата ѝ беше крената. Холивудскиот актер беше облечен во опуштена црна комбинација, надополнета со црна бејзбол капа.

Концертот на Бијонсе, кој се одржа на 42-от роденден на пејачката привлече голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Адел, Џастин Бибер и Хејли Бибер, Зендаја и Том Холанд, како и Ким Кардашијан.

@lonniegal no no no no #kyliejenner #timotheechalamet video from @LA.GOSSIP ♬ I Smoked Away My Brain (I’m God x Demons Mashup) (feat. Imogen Heap & Clams Casino) – A$AP Rocky

Инаку, двојката, за која има гласини дека е романтично поврзана уште од април, честопати беа забележани од папароци фотографите, како влегуваат или излегуваат од своите домови.

Кристијано Роналдо ја престигна Кајли Џенер: Заработува по 2 милиони евра за една објава на Инстаграм

ВИДЕО | „Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот