Кристијано Роналдо ја престигна Кајли Џенер: Заработува по 2 милиони евра за една објава на Инстаграм

Кајли Џенер и Кристијано Роналдо / Фото: EPA

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја надмина старлетата Кајли Џенер и стана позната личноста со најголема заработувачка на социјалниот медиум Инстаграм, пишува британскиот медиум „Сан“.

Имено, спортската легенда заработува нешто повеќе од 2.138.000 евра за спонзорирана објава на Инстаграм, а старлетата заработува нешто повеќе од 1.641.000 евра. Меѓу другото, Роналдо ја рекламира спортската веб-страница „ЛајвСкор“, брендот „Терабоди“ и криптовалутата „Бајненс“ на неговиот инстаграм-профил.

Фудбалерот е атрактивно име за маркетинг на Инстаграм бидејќи има 597 милиони следбеници, што е најмногу на оваа социјална апликација.

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Од друга страна, пак, Џенер има соработка со модниот гигант Жан-Пол Готје и нејзините брендови „Кајли козметикс“ и „Кајли свим“.

Трет на листата со познати личности кои најмногу заработуваат на Инстаграм е аргентинскиот фудбалер Лајонел Меси, кој заработува и до 1.584.000 евра за спонзорирана објава на неговата платформа. Тој е втората најследена ѕвезда на апликацијата, со 479 милиони следбеници, и има споделувано платени објави за „Адидас“ и „Будвајзер“.

Четврта на листата е пејачката Селена Гомез, а зад неа е актерот Двејн Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот