ВИДЕО: Фановите на Интер со огномет и порака на кирилица го пречекаа Дејан Станковиќ

принтскрин/јутјуб

Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, најголем дел од кариерата го помина во Италија, а за тоа колку е почитуван посебно од навивачите на Интер, најдобро покажуваат вечерашните сцени во Милано.

Црвена звезда утре на „Сан Сиро“ против Милан го игра реванш натпреварот од Лигата на Европа, а автобусот со фудбалерите на Црвена звезда беше пречекан од навивачите на Интер кои имаа посебна порака до Станковиќ. Тие тренерот на Црвена звезда го пречекаа со огномет и со транспарент напиша на кирилица „Добредојде Дејане, твоите луѓе те поздравуваат“. Станковиќ излезе од автобусот за да се поздрави со навивачите по што следеа навивачки песни против Милан.

Пречекот на Дејан Станковиќ и фудбалерите на Црвена звезда од страна на навивачите на Интер може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот