ВИДЕО | ФА Куп: Бразилците обезбедија победа за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето од ФА Купот откако на домашен терен славеше победа против Рединг од 3:1.
Иако Јунајтед доминираше, сепак не постигна гол во првото полувреме, а по паузата видовме вистинско шоу во режија на Бразилците Антони, Касемиро и Фред. Резултатот го отвори Касемиро во 51. минута, а асистент беше Антони.
Вториот гол исто така беше дело на Касемиро, а асистент беше Фред. Се играше 66. минута кога Фред го постигна третиот гол.
Избраниците на Пол Инс до крајот постигнаа еден почесен гол и покрај тоа што беа без исклучениот Керол кој заработи црвен картон во 65. минута.
ФА КУП РЕЗУЛТАТИ:
Валсал – Лестер 0:1, Акрингтон – Лидс 1:3, Блекбурн – Бирмингам 2:2, Бирстол Сити – ВБА 3:0, Фулам – Сандерленд 1:1, Ипсвич – Барнли 0:0, Лутон – Гримсби 2:2, Шефилд – Флитвуд 1:1, Саутемптон – Блекпул 2:1, Престон – Тотенхем 0:3.