ВИДЕО: Молк за загадувањето со нафта кај морскиот брег во Израел

Министерствот за заштита на природата на Израел соопшти дека судија ставил ембарго на деталите за излевање на нафта на израелскиот брег на Средоземното море, најлошо загадување на морето во последните децении, пренес Бета. 

Врз основа на невообичаено еднонеделно ембарго се забранува објавување на кој било детал поврзан со истрагата, вклучувајчи сé што би можело да ги идентификува осомничените, бродовите, нивниот товар, дестинација или пристаништето од кое тргнале.

Загадувањето прво е забележано минатата недела, а Министерствот з заштита од природата изјави дека најверојатно се работи за непријавено излевање можеби на десетина тони нафта од танкер, пренесуваат израелските медиуми.

Викендов Европската агенција за поморска сигурност го извести министерството дека причина на загадувањето е нафтена дамка следена долж израелскиот брег, а владата на Израел ги повика гражаните да не одат на плажа.

Официјалните лица рекоа дека изворот на загадување е голема нафтена дамка на непозната локација и дека плажите од Рош Ханикра на север до Зиким на југ, порај појасот на Газа се затворени за јавност.

Загадени се над 170 километри, или четириесет проценти од брегот, а чистењето би можело да трае со години. Илјадници доброволци се придружија во саботата на напорите на невладините организации брегот да се исчисти, но има уште многу да се направи.

Животните измачкани со катран неколку птици и морски желки најдени се на брегот. Желките се пренесени во националниот центар за спасување на морски желки, каде се нахранети во обид да им се зголеми метаболизмот и да се раззреди нафтата од нивните тела.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот