ВИДЕО: Елмас со три важни бода, цел меч за Велковски против Наполи!

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денеска во третото коло од групата „Ф“ во Лига Европа екипата на Наполи славеше минимално на гостувањето кај Риека резултат 1:2.

Хрватите први дојдоа во водство од 13 минута со прекрасниот гол на Муриќ, немоќен беше голманот Мерет. Пред крајот на првото полувреме Деме успеа да израмни од непосредна близина после асистенцијата на Мертенс.

За италијанскиот клуб стартер беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој настапи до 59 минута кога беше заменет од Руиз.


Само 180 секунди подоцна играчите на тренерот Џенаро Гатузо направија целосен пресврт благодарение на автоголот на Браут.

За домаќините целиот натпревар го одигра нашиот Дарко Велковски. За „наполитанците“ ова е втор триумф во групната фаза и заедно со АЗ Алкмаар и Реал Сосиедад го делат првото место на табелата со по шест бода, а ниту еден на дното е Риека.

Лига Европа

3. коло, резултати –

Рома-Клуж 5:0
Бенфика-Ренџерс 3:3
Х. Беер Шева-Баер Леверкузен 2:4
Лех Познањ-Ст. Лиеж 3:1
Лудогорец-Тотенхем 1:3
Омонија-Гранада 0:2
ПАОК-ПСВ 4:1
Рапид Виена-Дандалк 4:3
Реал Сосиедад-АЗ Алкмаар 1:0
Риека-Наполи 1:2
Сиваспор-Карабах 2:0
Славија Прага-Ница 3:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот