ВИДЕО: Еколошка катастрофа по експлозијата на браната Каховка, излеани се над 150 тони моторно масло во реката Дњепар

Фото: Твитер

Експлозијата на браната Каховка во јужна Украина предизвика излевање на најмалку 150 тони моторно масло во реката Дњепар, соопштија украинските власти.

Постои закана од излевање на уште 300 тони во пловен пат, изјавија високи украински претставници на маргините на состанокот на Советот за национална безбедност што го свика претседателот Володимир Зеленски.

Гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин, рече дека осум села се целосно или делумно поплавени, а 16.000 луѓе се во опасната зона.

Загрозени се околу 80 населени места во тој реон, каде исто така се водат борби. Фотографиите од воздух од регионалниот главен град Херсон, кој е под контрола на Украина, покажуваат многу куќи во областа Корабел под вода. Украина ја обвинува Русија за уништувањето на браната. Поплавен е и градот Нова Каховка на јужниот брег на Дњепар, кој е под контрола на Русија. Русија ги обвини украинските саботери.

Руските власти во окупираната јужна Украина прогласија вонредна состојба, откако во раните утрински часови експлозија уништи голема брана на реката Дњепар и блиска хидроцентрала. Експлозијата е еден од најзначајните инциденти во последните неколку месеци од војната во Украина и се стравува од големи поплави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот