ВИДЕО | Ед Ширан креираше песна инспирана од неговата Покемон – опсесија

Фото: Принтскрин-ЈуТјуб

Споделувајќи си цртеж од себе со ликот на играта Пикачу, британскиот пејач и текстописец Ед Ширан на социјалните мрежи напиша дека ја почнал својата фасцинација со Покемон на седумгодишна возраст собирајќи тематски картички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran Double (@edsheerandouble)

„Мојата љубов кон Покемон почна со собирање картички во основно училиште, а спотот за новата песна е анимиран од креаторите на играта“, изјави Ед Ширан, кој е „опседнат“ со покемони.

Потоа станал обожавател на анимираното ТВ-шоу, а на својот осми роденден добил рачна конзола „Gameboy Color“.

„Опседнато е благо кажано“, вели британскиот пејач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran Double (@edsheerandouble)

„Сега имам 31 година, сè уште ја имам истата „Gameboy Color“ и сè уште играм „Pokemon Silver“ на долги летови“, продолжи тој.

„Навистина, навистина го сакам тоа. Како дете ми даде шанса да избегам во свет на фантазии, кој се чинеше дека продолжува и продолжува, а во зрелиот живот носталгијата е таа што ме прави повторно да се чувствувам како дете“, вели пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот