ВИДЕО | Достовски: Квалитетно решение за канабисот е надпартиско и наднационално прашање од кое сите ќе имаат бенефит

Проблемот е што секаде во воздух виси дека дебата треба да има, а реално ја нема. Намерно објавив на ФБ прирачник за тоа како човек за свои потреби да произведува канабис, прирачник кој е од бивша СХС од 1297 година. Намерно ова го објавив да се знае дека тука постоело ова, дека не измислуваме топла вода, и штом имало прирачник за садење за свои потреби 1927, а ние денес да збориме дека ова е некоја работа за која што дури сега треба да ја откирваме е малку смешно, изјави во Утрински брифинг Филип Достовски, основач и претседател на „Зелена алтернатива“.

„Како и за се, како и за секоја тема, дебата треба да ја водат стручни лица и лица кои имаат познавање во оваа материја. Тоа не мора да значи дека тоа познавање треба да биде официјализирано од некаква установа, бидејќи за марихуана ниту во едно школо или факултет се учи“, смета Достовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот