ВИДЕО: Досега невиден „проектил“, Тијана Бошковиќ е нова светска рекордерка

Тијана Бошковиќ имаше фантастичен „смеч“ со брзина од 110,3 километри на час/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Женската одбојкарска репрезентација на Србија е првиот финалист на Европското првенство кое се одржува во четири земји, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија.

Најдобрите српски одбојкарки денеска со резултат 3:1 во сетови 32:34, 28:26, 25:23 и 25:13 ја совладаа Турција.

Нивни противнички в сабота ќе им бидат победничките од вториот полуфинален меч во кој се среќаваат Холандија и Италија.

Еден историски момент се одвои на првиот полуфинален дуел, имено српската одбојкарка Тијана Бошковиќ стана светска рекордерка.

Таа во првиот сет во кој освои 13 поено, во една акција испрати „проектил“ кој испадна дека излезе со брзина од 110,3 километри на час.

Ова е најсилниот удар откако официјално се мери брзината на „смечот“, Бошковиќ го надмина рекордот на Канаѓанката Кира Ван Рајк од 108,1 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот