ВИДЕО: Дончиќ го престигна легендарниот Мајкл Џордан!

Лука Дончиќ одигра статистички најдобар натпревар оваа сезона и со 29 „трипл-дабл“ во кариерата веќе во третата сезона го надмина Мајкл Џордан на вечната листа.

Но, неговиот Далас Маверикс доцна синоќа во НБА лигата од Чикаго Булс со резултат 117:101. Словенецот го заврши мечот со 36 поени и со рекорди на сезоната од 16 скока, 15 асистенции и шест тројки, но во целото второ полувреме остана на само шест поени.

– Играв лошо во второто полувреме. Виновен сум, бев пресебичен, бидејќи имав 30 поени во првиот дел. Тоа не бев јас во продолжението. Мора да играме многу подобро – рече Дончиќ.

Тројца други играчи стигнаа до учинок 35/15/15 во НБА историјата: Оскар Робертсон (петпати), Вилт Чемберлејн (14 февруари 1968 година) и Џејмс Харден (31 декември 2016 година).

За Дончиќ ова беше четврти „трипл-дабл“ сезонава и сите ги оствари во последните шест мечеви.

НБА, резултати –

Бостон Селтикс-Њујорк Никс 75:105
Вашингтон Визардс-Кливленд Кавалирс (одложено)
Далас Маверикс-Чикаго Булс 101:117
Оклахома Сити Тандер-Филаделфија Сиксерс (одложено)
Денвер Нагетс-Јута Џез 105:109
Сакраменто Кингс-Њу Орлеанс Пеликанс 123:128
Лос Анџелес Клиперс-Индијана Пејсерс 129:96

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот