ВИДЕО | Демонстрантите ја запалија зградата на поранешниот парламент во Австралија

Запалениот поранешен парламент во Канбера/ Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Зградата на поранешниот австралиски парламент утрово била запалена за време на протестот во Канбера, јавува Би-Би-Си.

Во пожарот што ги зафати вратите на поранешниот парламент нема повредени.

Пред оваа зграда со денови се протестира за правата на Абориџините, домородните жители на Австралија.

Насилството на протестите во Австралија е ретко, иако имаше малку повеќе насилни протести од вообичаено за време на пандемијата на коронавирус.

Работниците во зградата, која е претворена во Музеј на австралиската демократија, беа евакуирани набргу откако беше запален влезот.

Владините претставници го осудија палењето на протестот, а неколкумина го опишаа инцидентот како „напад врз демократијата“.

„Палењето на зграда не е легален начин за протестирање, тоа е кривично дело и сериозно“, напиша вицепремиерот Барнаби Џојс на Твитер.

Полицијата го истражува инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот