ВИДЕО | „Да си мерак песна“: Бојана и групата „Мерак“ го продолжија животот на легендарната песна која ја напиша Зафир Хаџиманов

бојана скендеровски
Фото Фејсбук/Бојана Скендеровски

„Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си мерак песна да те испеам…“, се стиховите кои ја одбележаа далечната 1988 година. Темата „Да си мерак песна“ која тогаш на Макфест ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“ ги оживееа стиховите на оваа песна.

Премиерата на композицијата се случи вчеравечер, песната официјално беше претставена на ЈуТјуб каналот на пејачката, а за идејата и реализацијата Бојана и момците од „Мерак“ го открија следново:

„Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е се’“,  изјавила Бојана за оваа изведба.

Идејата за оваа преработка е на Марио, кој е фронтмен во составот „Мерак“ и кој го потпишува и самиот нов аранжман.

Првични автори, пак, се хрватскиот композитор Ивица Стамаќ, а текстот е на Зафир Хаџиманов кој Марио го контактирал пред неколку месеци за да побара дозвола за преработка, на што Зафир одговорил со воодушевување, но за жал не успеа да ја слушне.

„Зафир беше многу среќен што сме се сетиле на оваа песна и со задоволство ни даде дозвола за снимање на оваа преработка, сакаше да ја слушне веднаш штом ќе ја завршиме, но почина непосредно пред да ја промовираме и за жал не успеавме да му ја пуштиме“, изјавил Марио.

Видеото за новата верзија на Мерак песна е снимено во студио Скендеровски, а како изгледа и звучи оваа маестрална нумера во изведба на Бојана Скендеровски и група „Мерак“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот