ВИДЕО | „Чуаменига“ – Анчелоти направи лапсус, па самиот е изнасмеа

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Реал Мадрид утре го очекува натпревар против Алавес во шпанското првенство и во него избраниците на Карло Анчелоти секако ќе сакаат да освојат нови три бода.

На конференцијата пред овој натпревар Анчелоти направи лапсус кој брзо стана хит на социјалните мрежи.

Анчелоти зборуваше кои фудбалери би можеле да го пополнат местото на повредениот Давид Алаба и направи ненамерна грешка на која и самиот се изнасема.

„Чуаменига“, изговори италијанскиот стратег сакајќи да каже дека Чуамени не сака да игра како стопер, додека Камвинга не планира да биде лев бек, меѓутоа ако е потребно би одговориле и на тие позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот