ВИДЕО: Босанците без шанси за бараж, и Финска сонува Мундијал

финска
Финска оствари важен триумф во мундијалските квалификации против БиХ/Зеница, Босна и Херцеговина/13 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Fehim Demir

Како и македонската А репрезентација, така и Финска посакува за првпат во својата историја да игра на едно Светско првенство.

Денеска во својот седми натпревар од квалификациите Финците дојдоа до третиот триумф на гостувањето во Зеница против Босна и Херцеговина (1:3).

Форс во 29 и Лод во 51 минута се погрижија за позитива од 0:2 за гостите, потоа домаќинот намали во 69 минута преку Менало, а конечниот епилог го постави О`Шонеси (73`).

Моментно во групата „Д“ води Франција со 12 бодови, пред Финска која има 11, Украина е третопласирана со девет, а на последните две позиции се Босна и Херцеговина (седум) и Казахстан (три).

Вечерва од 20.45 часот во Париз Франција со триумф над Казахстан може да го обезбеди настапот на следниот Мундијал.

Во последните две кола на 16 ноември Босанците се домаќини на Украина, а Финска во Хелсинки ќе ги пречека Французите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот