ВИДЕО | Безбедно евакуирани сите 379 патници на запалениот авион во Токио

Запален авион во Јапонија / Фото: Hu Xiaoge / Xinhua News / Profimedia

Безбедно се евакуирани сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на „Џапан Ерлајнс“ (Japan Airlines), што се запали при слетувањето на аеродромот Ханеда, во Токио, соопшти пред малку компанијата, пренесе ДПА.

Авионот се судри на пистата со авион на јапонската крајбрежна стража, претходно јавија јапонските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт.

Пријавено е дека пет лица од авионот на крајбрежната стража се мртви. Тешко е повреден пилотот на авионот, еден од шестмината во екипажот на леталото на крајбрежната стража.

Летот 516, на патничкиот авион на “Џапан Ерлајнс“, што сообраќаше од Хокаидо, во северна Јапонија, за Токио, се судри со другиот авион, потоа се запали на пистата и на крајот целосно изгоре. Во авионот имаше 367 патници и 12 членови на екипажот, и сите успееја да го напуштат леталото и безбедно да се евакуираат.

Според телевизиската станица ТБС, авионот на крајбрежната стража превезувал материјал за зоната на земјотресот на западниот брег на земјата, каде досега најмалку 48 лица го загубија животот.

На снимки од ТВ станицата ТБС се гледа како патниците од патничкиот авион се евакуираат од леталото преку гумен лизгач за итни случаи, во време кога спасувачките служби од аеродромот изведуваат операциите на гаснење на пожарот.

Сите писти на токискиот аеродом се затворени, соопшти Министерството за транспорт.

ВИДЕО | Во Јапонија се запали авион при слетување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот