ВИДЕО | Бензема блесна и со два гола донесе победа за Реал

Фото: EPA-EFE/R. Garcia

Карим Бензема вечерва уште еднаш докажа зошто ја освои „Златната топка“ за 2022 година и со два гола донесе победа на Реал Мадрид (0:2).

Реал Мадрид по победата до која дојде тешко ќе преноќи како лидер на табелата. До водство „кралевите“ стигнаа дури во 82. минута откако ВАР им додели пенал. Претходно исклучување заработи Серхио Леон. На една минута пред истекот на регуларните 90 Бензема по вторпат се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 0:2.

Со оваа победа Реал дојде до 38 бода, еден повеќе од Барселона која утре од 14:00 часот ќе игра против Еспањол во каталонското дерби. Атлетико е трет со 27, а Реал Сосиедад четврти со еден бод помалку од „јорганџиите“.

Во преостанатите три натпревари кои се играа денес Гетафе со 2:0 ја победи Мајорка, а со резултат 1:1 завршија средбите Кадиз – Алмерија и Селта Виго – Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот