ВИДЕО: Барса дури во продолженијата го урна третолигашот Интерсити во Кралскиот куп

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Барселона се пласираше во осминафиналето на Кралскиот куп откако дури по продолженијата успеа да го елиминираше третолигашот Интерсити со 4:3.

Неочекувано домаќинот го изненади каталонскиот гигант за кој инаку добро почна мечот со првиот гол во четвртата минута преку Араухо погоди за водство на Барселона (0:1). Тој резултат остана до 59 минута кога израмни Солдевила.

Дембеле беше прецизен за ново водство на Барса од 2:1 во 66. минута. Но, Солдевила повторно се запиша во листата на стрелците во 74 минута за 2:2. Рафиња погоди три минути подоцна за ново водство на тимот на Чави, но во 86. минута Солдевила постигна хет трик и го одведе својот тим во продолженија. Тој е и првиот играч кој постигнал хет-трик против Барселона по Мбапе во 2021 година.

Барселона успеа во 104 минута да постигне уште еден гол, победнички, преку Ансу Фати.

Пласман во следната фаза обезбедија и екипите на Севиља, Мајорка, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Алавес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот