ВИДЕО: Аврамовски со два гола против Денизлиспор, стрелаше и Јаховиќ!

Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Денеска во рамките од 38 коло во најсилната турска лига составот на Кајсериспор на домашен терен со 6:3 триумфираше над Денизлиспор.

Кај домаќините македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски придонесе во победата со два гола реализирани во 26 минута и непосредно пред паузата (45+4`).

Тие се првите погодоци сезонава во шампионатот за нашиот играч (досега 20 настапи) кој играше до 77 минута кога беше заменет од Емре Демир.

Кајсериспор води битка за опстанок во елитата, моментно е во „безбедната зона“ на 16 место со 38 бодови.

На денешните дуели во Турција и Адис Јаховиќ се запиша во листата на стрелците, и тоа еднаш во ремито (1:1) на неговиот Гезтепе против Трабзонспор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот