ВИДЕО: Арсенал се опорави од Ливерпул, богатиот Њукасл на дното во Премиер лигата

„Топџиите“ се вратија на победничките патеки во Премиер лигата/Лондон, Велика Британија/27 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

После високиот пораз од 4:0 во минатото коло од Ливерпул, играчите на Микел Артета им се вратија на победите. На домашен терен „топџиите“ со 2:0 триумфираа над Њукасл, најбогатиот клуб во Премиер лигата.

Мируваа мрежите по првото полувреме на „Емирати“ стадионот, а во второто Сака и Мартинели беа стрелци на головите.

Треба да се напомене и дека пред паузата Обамејанг имаше прекрасна шанса од петерецот да постигне гол, но изненадувачки ја погоди стативата.

Моментно на табелата Арсенал е петтопласиран со 23 бодови, додека на дното е Њукасл со шест и единствен без победа.

Во следното коло лондонскиот клуб го очекува нов голем меч на гостински терен против Манчестер јунајтед, додека „црно-белите“ се домаќини на Норич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот